Press "Enter" to skip to content

Прес-конференција на РК Пелистер за тримесечното работење, долговите, заминувањето на Алушевски, плановите, просториите…

Во просториите на ракометниот клуб Пелистер се одржа прес-конференција на која за состојбата во која е преземен клубот, односно за финансиската состојба,  за тековните работи, за промената на тренерите, плановите, просториите,  зборуваа Борче  Корлевски, Златко Димитровски, Сашо Шамбевски и Томче Петревски.

За финансиската состојба и за тримесечието од кога е преземен клубот, техничкиот директор, Борче Корлевски рече:

-Повод за денешната прес конференција е финасискиот извештај за првото тримесечие од работењето на новиот управен одбор на РК Пелистер АД– Битола, како и за завршната сметка од претходната година, претставување на официјално новиот тренер на РК Пелистер, ајава за официјално отворање на реновираните простории, што до сега е направено и какво е работењето на оваа управа, како што најавивме претходно ќе ја преставиме состојбата во која го затекнавме клубот, а конкретно за финанскиската состојба рече:-Основен долг на РК. Пелистер  5.086.337 денари или 83.000 евра плати за ноември, октомври, септември и половина август, а подоцна и декемвриска плата. Побарувања од конто кон добавивачи во земјата е 618.332 денари или 10.054 евра. Поединечни побарувања со извршно решение 53 594 денари кон “Ројал Секјурити“ за неисплатени обврски од 2015 година па наваму. Аванси и позајмици на играчи 130.000 денари. Неподмирени сметки за купување на мобилни телефони на две сметки една 44.000 денари друга 90.000 денари. Користење на стан во “Карпош“ со бр. 9-3/45 на име на РК. Пелистер кој долг изнесуваше 396.040 денари или 6 500 евра. Тужба со извршно решение за случајот Игор Арсиќ кој буквално ја блокира сметката во 595.000 + судски трошоци, извршител и административни и судски такси вкупно 11 000 евра. Дополнителни трошоци за само себе потрошени средства за такси превоз, самонаградување со дневници за организација на натпревар иако според договорот за работен однос во ракометниот клуб имаат постоечка систематизација и работни обврски, лични фактури за тренерки патики, табли, патувања и исплата на мегународни лицнци. Врв на целата ситуација, ракометниот клуб го заткенавме без сопствени топки за тренинг и натпревар. Во овај момент управниот одбор на РК Пелистер покрај санирањето на долговоите од нашите претходници, врши и тековна исплата на побарување од страна на ракометари и стручен штаб.

Спортскиот директор, Златко Димитровски за промената на тренерот рече:-Прво сакам да кажам за тренерот Стевче Алушевски, кој ние како нова управа го затекнавме, прво сакавма да разговараме за неговите желби за нови ракометари кои тој ги сака во клубот. Негови желби беа да се донесат три играчи Димитријовски, Петров и Јовановски од кои донесоваме двајца, а Димитријовски претходно замина за Израел, а потоа требаше да се разговара за неговиот договор, но тој не сакаше да разговара. Со ова сакам да кажам дека ние не го избркавме Алушевски, туку тој самиот си замина, а кои се неговите причините за тоа не ги знам.Тој сакаше да ја преземи целата функција, и во преговори со ограчи, и во организација, како и за подготовки, а ние како управа не сакаме така да се работи, туку секој да си работи својата задача, спортски дирекрор, менаџер… Наша цел беше тој да остане во клубот и му беше понудена секаква соработка, а тој едноставно кратко и јасно кажа дека не сака да биде тренер. Потоа се најдовме во тешка ситуација кога ретко се наоѓа тренер кој може да ја преземе екипата во таков период со неподготвена екипа, како физички така и тактички, а тоа беше Борче Марковски. По поразот во Битола, Марковски, не можеше да го издржи притисокот од јавноста, поднесува оставка и ние влегуваеме во нов проблем. По многу разговори и барање на тренер, сакам јавно да му се заблагодарам на Томче Петревски, кој го знаеше ризикот и го прзеде Пелистер во тешка ситуација и си презеде на себе голем задача, иако имаше друг договор со екипа од Мароко, со која стигна до плеј оф без ниту еден пораз. Петрески покажа на ваков начин, колку и како се сака клубот, а уште еднаш се докажа дека во Пелистер секогаш има тренери и ракометари кои биле лојални на клубот, за плановите додаде:

-Пелистер ќе ја преброди оваа криза во што сум убеден. Во иднина ќе се работи со младински школи, ќе се активиаат и други тренери, поранешни играчи, но ќе ги замолам и тие да имаат трпение, бидејќи сме во тешка ситуација. Од јуни ќе се активираат 4-5 младински школи и ќе се направи еден Пелистер како што заслужува Битола и каде што му е местото.

Генералниот директо, Сашо Шамбевски за условите во клубот рече:-Сакаме да го подобриме квалитетот на ракометарите како и условите за работа во клубот. Сега резултатите изостануваат и по првото место на полусезоната дојде поразот и се  случи дисбаланс на екипата , а тоа се одрази на целолупното работење на клубот. Сакам да нагласам дека со голем број на наши пријатели и почитувачи на Пелистер успеавме комплетно, од темел да ги реновираме клубските простории, дограма, под, ѕидови, намештај, а катот е преуреден за да можат ракометарите тука да имаат дел за анализите на противниците заедно со тренерите. Овие клубски простории сега имаат нов лик и ќе бидат отворени за сите кои го сакаат Пелистер. Свеченото отворање на реновитаните простории ќе биде во среда заедно со навивачката група “Чкембари“ и други гости. Сакаме после секоја средба противничката екипа, барем на кратко, да биде тука во просториите да се дружиме и како вистински домаќини да ги испратиме од Битола, без разлика на резултатот и тоа што се случувало на теренот.

Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Томче Петрески рече:-Среќен сум што сум член на Пелистерм како одговорен на стручниот штаб на екипата. Не ми требаше многу време да се договорам со претседателот Васко Ковачевски, а уште на првиот состанок со играчите како проблем го поставив тоа што во текот на сезоната се случува промена на тренер. Им објаснив на ракометорите дека и со Алушевски и со Марковски сум добар пријател и дека ако тие верувале во нив и јас ќе им верубвам и со обостарана доверба можеме да напредуваме, но тие (играчите) брзо ќе треба да се прилагодат на мојот систем на работа, за едноставен брз и модерен ракомет. До сега сум задоцолен од сработеното и од тоа како тие ги извршуваат поставените задачи, но ни недостига време, но има забележитно доста напредок. Подобрена е атмосферата во тимот, а иако претходно се разговарало за проблеми, а јас велам дека спортот е забава, има и угорници и удолници, а со подобра атмосфера ќе има и резултати. Како одговорна личност нема да типувам на резултати,а  сум слушал тренери и стручњаци кои кои ветувале се, а на крај ништо. Моја задача е да се наметне добра работна атмосфера. Би сакам за крај да ја замолам ракометната јавност на Битола и пошироко за трпение бидејќи сите заедно сакаме да го подигнеме клубот на повисоко ниво и да постигнуваме одлични резултати.

На пресот на крај беше кажано и дека е купена комплетна опрема за тренинг и комплетно нова опрема за натпревар од брендот “Hummel, дресови, тренерки, торбици, топки… како дополнителни помагала за потребите на екипата.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »