Press "Enter" to skip to content

Нова победа на кошаркарите во плеј-аутот за релаксиран крај на сезоната

Пелистер – Кожув 88:66 (17:21, 22:20, 23:10, 26:15) 

Спортска сала “Младост“ во Битола

Гледачи: 700

Судии: Деспотовски, Лалков и Тасевски

Пелистер: Луис Роберт 22, Анакиевски 15, Давков, Фундербурн 5, Голубовиќ 12, Цветиновиќ 4, Обедниковски 4, Трсунов 4, Илиевски 7, Трајковски, Атанасовски 2, Талевски 13.

Кожув: Апостолов 2, Мишковиќ 12, Ангелов 2, Мамузиќ 5, Салев 20, Нацевски, Петров 3, Воркапиќ 7, Божинов 3, Шутаров 12.Кошаркарите на Пелистер, во 7. коло од кошаркарскиот плеј-аут, на свој терен ја победија екипата на Кожув, со резултат 88:66, во натпревар во кој гостите само во првата четвртина имаа предност од 4 коша, 17:21.

Во втората четвртина подобри беа кошаркарите на Пелистер и забележаа позитива од два коша, 22:20, но на одмор заминаа – 2 коша, или 39:41 за екипата на Кожув. Во оваа четврина двете екипи имаа свои минути па така Пелистер имаше предност од 11 коша (35:24), но завршницата од втората четвртина им припадна на гостите кои намалија на два коша 22:20.

Во третата четвртина екипата на Зоран Петковски повторно имаше добра игра и направи разлика од +7 (49:42), а четвртината зарши со предност од 13 коша за Пелистер (23:10) или на крајот од третата беше 62:51.

Последната четвртина започна со пет коша за Пелистер, а тоа го скрши отпорот на гевгеличани кои само го доиграа натпреварот без амбиции за пресврт, а се се заврши со +22 за Пелистер, 88:66.

Најефикасен кај Пелистер беше Луис Роберт со 22 поени, а следуваат Анакиевски со 15 и Талевски со 13 поени, Голубовиќ со 12. Младиот Обедниковски за прв пат оваа сезона доби од тренерот Петковски солидна минутажа, повеќе од 8 минути и во тие постигна 4 коша за самодоверба.

More from СпортMore posts in Спорт »