Пелистер – Ренова 3:2 (1:1)
Фудбалерите на Пелистер ја совладаа екипата на Ренова во Битола и остануваат во битката за опстанок во Првата фудбалска лига. Победата значи и посакувани три бода со кои “пелистерци“ останаа на исти бодови со Скопје, но и натпревар помалку. Голот на одлука и победа го постигна Димче Ристевски на кој му е прв гол во Пелистер откако е повторно во Битола, а ова му беше и прво влегување во игра.
Ренова подобро го започна натпреварот и во 16. минута, дојде во водство од 0:1 по една конфузна акција Незири со силна дијагонала ја погоди мрежата. Потоа следуваше одличниот волеј на Трифуновски Кобетиќ го исфрли во корнер во 25. минута, а во 31, минута резултатот беше израмнет откако Коњарски центрираше, а најмладиот фудбалер на Пелистер, Илеивски највисоко скокна и ја закова топката во мрежата на Ренова.
Во второто полувреме Пелистер најави пресврт а во 54, мунита Маневски погоди за 2:1, Коњарски украде една топка и тргна во контра, а потоа го проигра Трајковски, кој го пронајде голгетерот во шеснаесетниктот. Потоа следуваше “шок“ за битолчани и Ренова изедначи во 73 минута по грешката на Ристевски.
Кога се очекуваа реми Димче Ристевски влезе од клупата и како вистински „џокер“ донесе три бода за Пелистер. Трајковски тргна во контра, го проигра Ристевски, а тој само ја „поткопа“ над главата на голманот на Ренова, кој при примениот гол заработи и тешка повреда.
И во наредното коло Пелистер е домаќини, овој пат на Академија Пандев.






