Press "Enter" to skip to content

Димче Ристевски: голот и бодовите да бидат мотив плус за сплотеност и заедно да стигнеме до целта

Вчерашниот гол на “резервистот“ на ФК Пелистер, Димче Ристевски против екипата на Ренова на Пелистер можеби му ги донесе во овој момент најзначајните бодови во тешката битка која ја водат фудбалерите за опстанок во најквалитетното фудбалско друштво во Македонија.

За тоа како се чувствуваше кога го постигна голот и што значи тоа за него Ристевски вели:

-Секој гол кој го имам постигнато, а мислам дека и сите стрелци тоа го чуствуваат е посебна приказна и посебна радост, а кога се постигнува гол е значаен за тимот и клубот тоа е посебно. Јас би бил сега најрадосен кога голот или другите два против Ренова би ни требале за титула, а не вака за гол опстанок во лигата. Но, тоа е тоа состојбата е таква каква што е и се надевам дека ќе го избегнеме најлошото сценарио.

За шансите на Пелистер за опстанок во лигата, Димче Ристевски додава:

-Јас лично посакувам голот и бодовите кои вчера ги освоивме вчера да бидат мотив плус за сите нас кои сме на терен, Управата и публиката да бидеме што посплотени во овие тешки моменти за Пелистер кога се бориме за опстанок. Нема предавање, а вчера покажавме дека кога сакаме и кога сме заедно можеме, па зошто да не биде така и во останатиот дел од првенството. Не е важно кој ќе игра, кој ќе постигнува голови, најважни е сите заедно да стигнеме до целта која, се надевам сите ја имаме и ја посакуваме. Тоа мораме да го докажеме уште в недела против екипата на Академија Пандев под Тумбекафе, а ни престои и важен натпревар против Шкупи кој е заостанат, а и гостувањето на Вардар.