Битолскиот мото-кросист Борче Костов – Жолтио веќе се наоѓа во градот Селвиево, Бугарија каде на патеката, мото-полигонот Горна Росица ќе се вози мото-крос трката за Гран при на Бугарија, а трката ќе се бодува и за Источно европскиот шампионат.
Костов за Бугарија замина утрово, пристигна таму и вече го има поминато техничкиот преглед на моторциклот. Тој ќе вози во категорија МХ3 или ветерани над 40 години.

-Не очекува традиционално тешјка трка бидејќи сите го знаеме квалитетот на бугарските возачи. Ќе ги има во голем број, а во мојата категорија ќе бидат најбројни. Имам голем број пријатели во бугарските клубови, но очекувам тешка битка за европски бодови. Ќе морам утре да имам одлично време на квалификациите, а в недела ќе ми треба на двете трки добар старт за да имам подобар пласман вели Костов.
На трката во Србија Костов не учествуваше, поради проблеми со финансиите, а како отпатува за Бугарија вели:
-Кај нас ако нема проблеми ќе биде необично, бидејќи проблеми секогаш има, па така и за патувањето во Србија. Но овој пат со помош на мојот клуб Ноќни волци и лична помош на Ленин Јовановски, како и на моите битолски спонзори продавницата за суплементи “Хард кор“ и теретаната “Сити џим“ ќе учествувам на оваа трка во Бугарија од каде се надевам ќе донесам вредни бодови.






