Press "Enter" to skip to content

Денес спортски маратон во “Младост“ – една кошаркарска и три ракометни пресметки

Љубителите на спортот во Битола денес ќе имаа можност да гледаат натпревари од најквалитетните спортски лиги кај нас, во кошарка и машки и женски ракомет, а сето тоа ќе се одвива во спортската сала “Младост“ во Битола, а за противник ќе ја имаат екипата на Струмица.

Во 13 часот први настап ќе имаат кошаркарите на Пелистер кои ќе го играат десеттото и последно коло од плеј-аутот од Првата кошаркарска лига мажи. Кошаркарите ќе се обидат да победат, а со таа победа ќе бидат непоразени на ссвој терен во плеј-аутот. Во 15,30 часот женската ракометна екипа ќе има натпревар против најквалитената ракометна екипа во државата, екипата на Вардар.

А, во 19,30 часот спортската сабота ќе ја затворат ракометарите на Пелистер кој против Охрид во ќе ги завршат натпреварите на екипите со името Пелистер. Ракометарите на Пелистер ќе се обидат да ја извојуваат првата победа во плеј-офот.Во 17, 30 часот, во меѓувреме помеѓу настапите на машките и женските екипи на Пелистер ќе се одигра натпреварот помеѓу Еурофарм Работник и Пролет каде домашните ракометари се фаворити.