Макпетрол – Хераклеја 6:2 (3.329 : 3.164)
Во “ВИП Арената“ на Спортско рекреативниот центар “Борис Трајковски“ во Скопје екипата на кугларскиот клуб Хераклеја од Битола е поразена во финалето од Купот од екипата на Макпетрол со резултат од 6.2, а иако се поразени сепак се горди на постигнатото, бидејќи по втор пат го освоија сребрениот медал.
-Загубивме чесно, го дадовме секој од нас максимумот во ова финале, но не беше доволно за победа, но во Битола и во нашата куглана го носиме второто сребро од кога постои клубот. Што се однесува пак до самото финале можам да кажам дека очекувано беа посилни, а Макпетрол заслужено е победник на Купот на Македонија, а ние под импресии не успеавме да надминеме 3.300 поени. Имавме шанса, не ја искористивме, после веќе беше доцна за прествр. Поени зедоа Пеце и Цане. Ако јас и моите колеги куглари сме реални и ова е премногу со оглед на условите каде што тренираме и кугламе и затоа овој медал за нас е голем успех, иако да бидам искрен многу го посакувавме златниот медал, ни рече Игор Михајловски, кој и на оваа средба беше повторно најдобар.






