Повозрасните битолчани кои го следеле спортот во бившата држава Југославија сигурно се сеќаваат на две боксерски легенди од тоа време кое оставиле голема трага во аналите на боксот не само во таа држава туку и во многи земји каде настапувале.
Двајца олимписки вицешампиони во бокс еден Македонец – Реџеп Реџеповски и еден Војводинец -Тадија Качар беа гости на битолскиот боксерски судија Цане Георгиевски во неговиот локал на Широк Сокак.
Двајцата беа срдечно пречекани не само од Цане туку и од сите гости кои беа во локалот, а им се приклучија и битолчани кои ги препознаа и доаѓаа само да им честитаат на големите успеси кои тие ги постигнуваа во тоа време на боксерските рингови насекаде низ светот на Олипијадите, на Светските и Европските првенства.
Покрај Цане домаќин во Битола им беше и Димче Миновски легенда на спортското новинарство и одличен познавач на боксерските прилики во тоа време, а заедно со гостите не можеа да се изнаприкажуваат за некое не така далеќно време.
А двајцата олимписки шампиони со многу трпение со секого поразговараа на секогу му покажаа внимание и се фотографираа.
За пријателство на Реџеп и Тадија рекоа дека трае откако Реџеп заминал од Војводина каде работел во боксерскиот клуб со истото име и дека се во постојана комуникација, а рекоа и дека Цане Боксеро е пријател со кого секогаш се гледаат кога имаат прилика.
-Мило ми е што сум во Битола по многу години. Тука имам боксовано на многу меча во рингот во салата, и мислам дека немам пораз во Битола, рече Реџеповски кој не пропупти да ги пофали тогашните боксери Рустенов, Буемба, Ќеримов…
Истото за боксот во Битола го кажа и Тадија Качар, постариот од братот Слободан кој беше олимписки првак, кој негласувајќи го пријателството со Цане и по разговорите со Димче не можеше да замине и да прекине со разговорот, уживајќи во прекрасно подготвената храна во локалот кај Цане, а екипата со него го чекаше со автомобилите на Камен мост.
-Имаме многу да прикажуваме тука со вакви познавачи на боксот во Битола, а Битола имаше голема традиција во овој спорт и беше еден од центрите каде се водеа тешки битки за бодови во таа лига тогашна југословенска. Мислам дека и во иднина ќе бидам пак во Битола и дека ќе имам повеќе време да се дружам со битолчани, рече Тадија.
Од разговорот дознавме дека Тадија е дел од израелска компанија и дека сака да работи во Битола и во Македонија, а во Битола имал две средби со битолски стопанственици, за кои се надева дека ќе бидат реализирани.
Оваа средба во Битола и фотографиите од неа ќе бидат дел од книгата која Димче Миновски ја подготвува за боксот во Битола, која за брзо време треба да биде промовирана, а авторот секако ги покани двајцата олимписки вишешампиони да бидат дел од промоцијата.
Текст и фото: С.Ритевски






