Битолскиот боди-билдер Борче Стојановски доцна вечерва го заврши својот дебитанстки настап на Европското првенство во боди-билдинг во Санта Сузана во Шпанија.
Стојановски по квалификациите влезе во “Топ 10“ во тешка категорија, +91 килограм, што е голем успех за него и за македонската боди-билдинг федерација.
По овој голем успех за него тој вели:
-Чест ми беше прво да ја претставувам Македонија на едно вака големо спортско натпреварување и да се пласирам како дебитант во “Топ 10“ каде бев рамо до рамо со најголемите спортисти-билдери од цела Европа. Да се биде заедно со нив и мене да ме споредуваат со нив на големата бина во Шпанија за мене е остварување на мојот сон и едно ново за мене искуство во овој спорт кое ќе ми помогне во иднина, а се надевам дека ќе го пренесам и на други. Благодарност за целата македонска репрезентација Горан, Бобан и Гоце за поддршката да се стигне до ова каде сум.
Борче не пропушти да ја спомене и финансиската поддршка од “Евротип“, “Хард кор“, Премиум пиво“ и “Сити џим“ без кои како вели немало да стигне до тука.
Покрај Борче Стојановски во Шпанија е и Горан Тромбев кој вчера го освои шестото место во јуниорска конкуренција до 75 килограми.






