Еурофарм Работник – Пролет 33:20 (13:11)
Ракометарите на Еурофарм Работник ја остварија третата победа во плеј-офот во Суперлигата, против Пролет со 33:20, а екипата на Илија Темелковски не им даде шанса за нешто повеќе од пораз на неговата стара екипа.
“Фармацевтите“ до 10. минута се помачија и му дозволија на гостите да имаат надеж од 3:3 дојдоа на 6:3. Еурофарм Работник во два наврати имаше предност од +4, но Пролет успеа до крајот на првото полувреме да дојде на -2.
Вториот дел започна со жестоко, домашните со желба да се одлепат резултатски, а гостите да дојдат до изендачување, но серијаат на Еурофарм Работник од 5:1 го реши победникот на оваа средба. Пролет се врати дојде на – 4, 20:16, но голманот на домашните Ивановски, бранеше одлично во овој период и тргна нова серија на Еурофарм Работник за 25:16, за на крај да биде 13 разлика за Еурофарм Работник.
Наефикасе во Еурофарм Работник беше Ојлески со шест голови, Граџан даде пет, додека по четири дадоа Кузмановски и Крстевски.






