По повод и чест на Денот на безбедноста на Република Македонија 7. Мај Полицискиот спортско планинарски клуб “7-ми Мај“ од Битола го организира 7. По ред традиционален марш “Смилево 2018“ кој се изведе на 6 мај на релација превој Ѓавато (Дервен ) – планински врв Пирамида 1.656 метри чешма Горановец – село Смилево на кој учествуваа 70 планинари од Битола и Прилеп.
Учесниците на маршот кој ги имаше во голем број од пред зградата на СВР Битола со автобус беа превезени до превојот Ѓавато ( Дервен ), од каде беше стартуваше маршот.
Пред стартот на маршот претседателот на ПСКП “7-ми Мај“, Стевче Митревски ги поздрави учесниците, одржа мал говор и се упатија по патеката која членовите од клубот претходно ја маркираа и одбележаа, и ја карактеризираа како средно-тешка, во должина од 18 километри до селото Смилево, каде од страна на организаторот беше обезбеден ручек.
Во село Смилево каде се корените на македонската полиција, кога таму во 1903 е обезбедуван Смилевскиот конгрес на ВМРО, на мала свеченост беа доделени благодарници на дел од учесниците на маршот, како и најмадиот и највозрасниот учесник на маршот.
Претходно при чистењето и маркирањето на патеката од Дервен до Смилево, членови на овој планинарски клуб го одбележаа планинарскиот врв, Голем врв – Пирамида на 1.656 метри, со ѕидање на пирамида од камен и бетон.






