На 10 роденден на кафулето “Портал“ кое се наоѓа во новиот пазар во Битола имаше толку народ, а како што велиме битолчани, таму беше цела Битола.
На роденденската забава која се случи вечерва беа присутни повеќе од 500 битолчани од јавниот и политичкиот живот во градот, спортисти, бизнисмени, деловни партнери на “Портал“, редовни и други гости, уметници, музичари, ди-џеи, пеачи, новинари, сниматели, сопственици на други кафулина…, сите дојдени да му честитаат 10. роденден.
За кафулето и неговиот сопственик овој пат нема да зборуваме бидејќи се беше кажано во интервјуто кое со сопственикот Сашо Шамбевски кое го направивме за bitolanews.mk во пресрет на роденденот и се наоѓа во архивата на нашиот портал.
Само ќе додадеме Шамбата, како што го викаат неговите блиски, и на роденденот беше онаков како што го опишавме непосреден, близок со сите, ги испочитива сите кои беа вечерва беа негови и гости и на неговото кафуле “Портал“.
Не изостана и големата роденденска торта по повод 10 годишниот роденден, која Шамбевски ја пресече сосопругата и целиот персонал на “Портал“.
Нам ни преостанува преку фотогалерија од роденденската забава, Вам, да ви ја доловиме атмосферата од роденденската забава, а на ’“Портал“ да му посакаме уште многу роденденски забави.
[ngg_images source=”galleries” container_ids=”116″ display_type=”photocrati-nextgen_basic_thumbnails” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_width=”240″ thumbnail_height=”160″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”20″ number_of_columns=”0″ ajax_pagination=”0″ show_all_in_lightbox=”0″ use_imagebrowser_effect=”0″ show_slideshow_link=”1″ slideshow_link_text=”[Show slideshow]” order_by=”alttext” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]






