Ангела Илиевска од Битола како вели, со особено задоволство ја претставува нејзината нова песна „Лето е“, проект во кој вложила многу љубов, емоција и посветеност.
-Како што и самата песна вели: „Ова е нашиот омилен хит“, посакувам овие стихови да станат реалност и „Лето е“ да биде песна која ќе ја пеете, ќе ја споделувате и ќе биде дел од вашите најубави летни моменти, вели Ангела.
Ангела искрено им се заблагодарува на сите кои беа дел од создавањето на овој музички проект и дадоа свој придонес во неговата реализација, како и до публиката која секогаш е мојата најголема инспирација.
-Ви благодарам што сте дел од моето музичко патување. Се надевам дека „Лето е“ ќе ви донесе убави емоции, позитивна енергија и ќе биде песна што ќе го одбележи ова лето.











