Пред еден час на плоштадот во Тетово свечено беше отворена Гимназијадата, на која ќе се одиграат завршните натпревари во сите спортови и на неа ќе настапат сите екипни победници на Регионалните натпревари на кој учествуваа општинските победници од средните училишта.
Од Битола ќе настапат три средни училишта чии екипи по категории беа победници на Регионалните натпревари, Средното економско училиште “Јане Сандански“, средното медицинско “Д-р Јован Калаузи“ и Гимназијата “Јосип Броз Тито“.
Економското и медицинското училиште ќе се натпреваруваат во категориите футсал жени и голем фудбал мажи, а додека екипата на Горната Гимназија ќе се натпреварува во кошарка машки, кошарка женски, одбојка женски и фудбал женски.
На свеченото отворање гимназијадата покрај домаќинот градоначалнилката на Тетово Теута Арифи, присутни беа премиерот Зоран Заев и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.
Денес и утре ќе се одиграат полуфиналните натпревари, а во сабота финалните натпревари во сите категории.
Според зборовите на професорот по физичко образование од Горната Гимназија, Кире Грбевски сите битолски екипи се одлично подготвени од своите ментори и сите ќе атакуваат на освојување на медали.






