Press "Enter" to skip to content

Со гол во судиското време Пелистер останува во борба за опстанок, победен Вардар

Вардар – Пелистер 2:3 (1:1)

Екипата на Пелистер со победа над екипата на Вардар во Скопје, на срадионот Арена “Филип Втори“ останува во борба за опстанок во Првата фудбалска лига. “Пелистерци“ погодија за 2:3 во 93 минута и сега се е во нивни раце околу опстанокот во лигата, особено по останатите резултати кои им одат во прилог.

Но, според почетокот на средбата и брзото водство на Вардар во 7 минута не изгедаше дека Пелистер ќе се врати со бодови. Но, само во 5 минути се врати Пелистер во игра со голот на Иве Трифуновски од пенал, откако судијата поради игра со рака на вардаровата одбрана покажа на 11 метри, сосема оправдано. Со овој резултат завршија првите 45. минути од натпреварот.

Во вотриот дел повторно истата слика, ново водство на Вардар со гол од пенал, погоди Блажевски, во повторно брзо израмнување на “пелистерци“ за 2:2, а стрелец Коњарски. Завршницаат со иницијатива на Вардар но без гол, а во 93. минута Наумовски погоди за 3:2 и нови три бода на Пелистер.

Со оваа победа и трите бода екипата на Пелистер не е веќе последна на табелата, сега е на 8. место со 34 бодови, а зад него со по 32 бода на 9. и 10. место се еикипите на Победа и Скопје.

Во наредното коло Пелистер игра против екипата на Шкупи.

More from СпортMore posts in Спорт »