Вардар – Пелистер 44:23 (23:11)
Битолските ракометари се поразено до екипата на Вардар на гостувањето во Скопје, во натпевар кој беше повеќе како тренинг за двете екипи. За Пелистер пред завршницата од плеј-офот, а за Вардар пред завршницата од европските настапи.
Иако ракометарите на Пелистер имаа колку толку рамнотежа во играта во првите минути сепак беа свесни дека не можат да направат ништо повеќе, а за брзо време беше 12:5, а потоа предноста се зголемуваше, за првото полувреме да заврши 23:11.
И во продолжението по одморот двете екипи продолжија со истата игра, а на крај натпреварот заврпи со 44:23.






