Press "Enter" to skip to content

Околу 400 учесници на 29. традиционален планинарски марш “Димитар Илиевски – Мурато“ (фотогалерија)

Викендов се одржа традиционалниот, 29. по ред традиционален планинарски марш “Димитар Илиевски – Мурато“ кој беше во организација на планинарски спортски клуб Пелистер, а беа вклучени сите членови. Како и се која година и годинава маршот се одржа викендот кој е најблиску до 10 мај, денот кога Димитар Илиевски го освои Монт Еверест.-Маршот започна во петокот, а заврпи во неделата. Се одвиваше по две патеки кои беа обезбедени од организаторот ПСК Пелистер, патеката по Дебел Рид – Големо езеро – врв Пелистер – Димев врв (со ноќевање на Големо езеро) и патеката од Инфоцентарот (Вилата на Лазо) – планинарски дом “Широка“ – врв Пелистер – Димев врв кој се наоѓа во непосредна близина на врвот Пелистер, каде е поставена пирамида со спомен плоча во чест на Димитар Илиевски – Мурато. Таму во 12 часот се говореше за достигнувањата, успесите и споменот на Димитар Илиевски – Мурато и се оддаде почит со едно минутно молчење. Во исто време група на планинари заедно со претседателот на клубот Димче Попов положија цвеќе пред спомен плочата кај планинарскиот дом “Копанки“, ни рече Илинка Ристевска, секретар во ПСК Пелистер.-На Димевиот врв беа присутни и секако беа учесници на маршот и неговите пријателите, Ѓорги Костовски и Благојче Лазаревски кои заедно со Димитар Илиевски – Мурато учествувале во многу експедиции, вкучувајки ги и припремите за Еверест и заедно искачиле многу врвови. Исто така беа присутни и неговите два сина, Сашо Илиевски и Јонче Илиевски и двајцата активни планинари, додава Илинка Ристевска.-Во самата организација на овогодинашниот марш, како и во изминатите години, помогнале и други планинарски клубови од Битола и поединци, вработените во Предавател (антена) кој се наога на самиот врв, ПСК “7-ми Мај“, клуб за скијање и сноуборд “SSNL“, ПСК “Димитар Илиевски – Мурато“ и други, а координатор на сите активности и самиот марш беше Петар Нолев.Според Ристевска во книгата за впечатоци поставена на врвот беа запишани над 300 учесници, а груба проценка е дека врвот Пелистер беше посетен од околу 400 планинари.-Маршот е од меѓународен карактер и покрај планинарите и планинарските друштва од Македонија беа присутни планинари од Грција, Босна, Србија, Хрватска, Бугарија, Унгарија… Од организаторот беше организиран превоз, водичи, чај и секаква логистика. Маршот се одвиваше во најдобар ред и на наша среќа временските услови беа оптимални, вели Ристевска.Инаку, да потсетиме, Мурато беше првиот Македонец кој го освои Еверест но, нажалост на враќање му се изгуби секаква трага и останува мистерија каде и како настрадал. Со неговото дело се вброи во ретките кои ја пишуваат македонската историјата на планинарството и алпинизмот.

More from СпортMore posts in Спорт »