Press "Enter" to skip to content

Владе Станковски -Тито на Балканско во боди-билдинг во Романија

Битолскиот боди-билдер Владе Стојановски – Тито, викендов ќе учествува на балканското првенство во боди-билдинг кое ќе се одржи во Романија.

Стојановски на престојното балканско првенство ќе патува како победник во полутешка категорија и во категорија ветерани +40 години на Купот на Македонија, кој неодамна се одржа во Битола.

-Патувам за Романија со цел да се вратам со медал, иако не знам кој се ќе ми бидат противници. На овие простори има голем број на билдери кои долги години се во овој спорт и има најави дека најголем број од нив ќе се појават во мојата категорија +40 години. Но, јас сум подготвен одлично, а формата “ја држам“ уште од Купот во боди-билдонг кој се одржа во Битола. Последните денови ја надоградувам, ни рече пред заминувањето за Романија, Владе – Тито Стојановски.

Стојановски и член на боди-билдонг клубот “Сити џим“ од Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »