Топ гол – Саса 2:0
Во рамките на вонредното 20 коло од ПФЛ за жени на фудбалскиот стадион “Павел Шатев“ во Битола, битолчанки ја совладаа екипата на Саса од Македонска Каменица.Со головите на Ивана Ристевска во18 и 65 минута домаќините со конечен резултат од 2:0 прокнижи нови три бода на нивното бодовно салдо.
-Упатувам честитки и пофални зборови кон моите фудбалерки за придонесот на овој натпревар.Постигнавме само два гола но промашивме неколку “зицери“ за гол. Ако се бројат и двете стативи на Горгиоска и Ристевска жалам за пропуштеното. Имаме збиен календар за натпреварување заморот е присутен но затоа во почетниот состав ротирам поголем број на фудбалерки. Сега е период на средношколска матура и неколку фудбалерки се ослободени од обврските па им давам поголема минутажа на помладите. Сакам да упатам и благодарност до нашата мала но верна публика, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.
За Топ гол настапија: Колевска (Салиевск), Размовска, Гоцевска, Јанкоска, Талевска, Т. Петровска (Стојановска), Бумбаровска, Нешковска, Ристевска, А. Петровска (Крбалевска), Горгиоска (Митаноска).
Во следно 21 коло битолчанки ќе играат против ЖФК Кочани во Кочани.






