Press "Enter" to skip to content

Вардар прв финалист во ракометниот куп на Македонија

Вардар  – Пелистер 46:27 (20:12)

Ракометарите на Вардар се првите финалисти во ракометниот куп на Македонија по победата над екипата на Пелистер во првото полуфинале кое се одигра во спортската сала “Младост“ во Битола со резултат 46:27 (20:12).

Битолски ракометари започнаа одлично и со двата гола на Орјоканидзе  и Везенковски победоа со 0:2, потоа беше  2:4.  Вардарци кон средината на првиот дел јстигнаа до 10:6, за да биде 15:9, за на полувреме со највисоки +8 (20:12).

На стартот на вториот дел со серија на голови стигнаа +14 (31:17) во 42. минута,  потоа беше од -15 (40-25),  но Вардар на крај заслужено славеше со 46:27. 

Тренерот на битолчани, Томе Петрески по завршувањето на средбат рече:

-Се очекуваше дека Вардар ќе победи, таа е реалната разлика, од 15 до 25 голови. Нема што да се лажеме. Се обидовме да играме колку што можеме, но ни недостигаат играчи. Чуриќ е повреден, Орјоникидзе има повреда на петата, немаме широк ростер, па мора да има падови во играта. Ние сепак дадовме сè од себе.Најпрецизни во Вардар беа Македа и Марсениќ со по осум гола, додека кај “пелистерци“ Јагуриновски со пет и Димитровски со четири.

Противник на Вардар ќе биде победникот од дуелот меѓу Еурофарм Работник и Металург, кој се игра со почеток во 19.15 часот.

More from СпортMore posts in Спорт »