Press "Enter" to skip to content

И вториот домаќин Еурофарм Работник поразен, финале Вардар – Металург

Еурофарм Работник – Металург 21:28 (11:15)

Екипата на Еурофарм Работник не успеа да стигне до финале од ракометниот куп на Македонија, па така во Битола во финалето ќе играат две скопски екипи, Вардар и Металург. 

Вториот финалист е Металург откако во полуфиналето лесно ја победи екипата на Еурофарм Работник со 21:28, полувреме 11:15.

Натпреварот започна изедначено во по 3:3, по добра одбранаи прецизен напад Металург дојде на 3:6, а таа разлика од три гола беше и во продолжението, 4:7, 5:8, а во средината на полувремето Еурофарм Работник дојде на -1 (7:8). Но само по три минути не само што се враи разликата од три гола, туку Металург покачи и на +4 и на +5 (9:14), за на одмор да се отиде со 11:15.Стартот на второто полувреме беше во знак на “фармацевтите“ кои намалија на 14:16, а по неколку минути пак се вратија разлика во корист на Металург од 5 гола (14:19), а потоа и на 6 гола разлика (15:21). На десет минути до ктајот беше -4 за Еурофарм Работник, а но на крај натпреварот заврши со -7 за домаќинот (21:18).

Во екипата на Еурофар Работник најефикасен беше  Дрогришки со шест погодоци.

Финалето Вардар – Металург се игра утре со почеток во 16.30 часот.