Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, на капитенот на Вардар, Столе Стоилов му го предаде големиот пехар за освојувањето на Купот кој оваа година ќе ги краси просториите на овој ракометен клуб, а и пехарот кој ќе им остане во трајна сопственост како сеќавање за освојувањето на 13, Куп на Македонија, петти по ред.

Членот на Управниот одбор на РФМ, Зоран Стерјев од ракометниот клуб Еурофарм Работник, на поразената екипа во финалето им ги додели сребрените медали и им го додели и пехарот.

За најдобар голман беше прогласен голманот на Металург Томовски, а двајца ракометари на Металург беа прогласени за најдобри стрелци, Кузмановски и Јагањац. За најкорисен ракометар (МВП) беше прогласен ракометарот на Вардар, Кристопанс.

Иако ова финале беше “скопско“, сепак тројца битолчани се најдоа на паркетот во спортската сала “Младост“ како служени лица, судискиот пар Митревски – Тодоровски и контролорот на натпреварот Јован Василев, кои исто така добија медали од РФМ за сеќавање на ова 26. по ред финале.

Трибините не беа исполнети максимално, но голем број на битолчани љубители на ракометот се најдоа на трибините, а преку фотогалерија ви пренесуваме како беше во “Младост“ надвор од 60 минути.

Битолчани на трибините – пехарот замина за Скопје (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- По триумфот над лидерот, на ред е шампионот, Стајиќ: да продолжиме со добри игри и против МЗТ
- Пелистер ја победи Брера и освои три бода важни за опстанок
- 400 учесници на Велигденскиот турнир на КК Младост во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер со лесна и убедлива победа против Тиквеш
- Конзули ветерани од Битола на Гран при турнир “Erima Tour“ во Крањска Гора, Словенија (фото)





