Press "Enter" to skip to content

Заврши фудбалската сезона 2017/18 од идната Пелистер второлигаш

Шкендија – Пелистер 4:0 (1:0)

Со одигрувањето на последното коло од Првата фудбалска лига заврши фудбалската сезона 2017/18 која Пелистер и љубителите на фудбалот во Битола ќе ја запаметат по големиот број на проблеми во текот на целата сезона и на крај по испаѓањето од лигата и преселувањето во Втората фудбалска лига.

Во последното коло екипата на Пелистер е поразена на гостувањето во Тетово од сега и официјално шампионот на ПФЛМ, екипата на Шкендија со високи 4:0, полувреме 1:0.

Шкендија беше решена со победа да дојде до прославата за титулата, а по многуте шанси за гол првиот гол домаќините го постигнаа во 45 минута преку Алими. Во второто полувреме “паднаа“ преостантите гола во 47 погоди Жуниор, а во 78. и во 83. минута капитенот Хасани, а сето тоа за убедливи 4:0.

Двете екипи веќе в среда пак ќе се сретна, но во финалето од фудбалскиот куп кое ќе се огра во Струмица, а според случувањата на теренот екипата на Шкендија е поблиску до двојна тутила отколку Пелистер до победник на Купот, но остануваат 90 минути пред конечната одлука кој ќе биде победник на Купот.