Пелистер Волеј – Љуботен 2:0 (25:11, 25:15)
Одбојкарската сезона 2017/18 заврши и за пионерките на Пелистер Волеј кои го освоија третото место победувајќи ја екипата на Љуботен во “малото финале“, натпреварот за третото место, со 2:0 во сетови во натпревар во кој супериорно ја совладаа екипата од Тетово
-На овој натпревар кој го игравме за третото место, на нашите млади објокарки им претходеше полуфиналето против екипата на Вардар кое го загубија со 2:0 по сетови (25:20, 25:18). Судејќи според играта која беше прикажана, тоа беше финале пред финалето, велат од Пелистер Волеј и додаваат дека ова е најголемиот успех до сега, а за пионерките прв медал или вкупно четири во млади категотрии во последните три сезони.

-Горди на нашите мали зелени “жени змаеви”, зрели сте за уште поголеми успеси и дострели, а и Битола треба да е горда со младите категории кои постојано се во врвот во македонската одбојка и освојуваат медали како да е најлесна работа. Се гледаме наредната сезона, уште помоќни, помотивирани и посилни, имаме товар од медали и успеси кои мораме да браниме и секако да бидеме подобри, порачаа од екипата на Пелистер Волеј.
Инаку, пионерките се втора екипа на Пелистер Волеј која оваа сезона освои медал, покрај младинките кои во големото финале пред еден месец се закитија со сребрен медал.






