Пелистер – Шкендија 0:3 (0:1)
На тежок терен поради врнежливото време екипата на Шкендија го освои 26. фудбалскио куп на Македонија по убедливата победа над екипата на Пелистер со резултат 0:3, полувреме 0:1 со што сега ја има „двојната круна“ во мак-фудбалот, а битолчани во Струмица не успеаја да го направат големото изненадување.
Два гола на финалето постигна Висар Муслиу, а уште еден гол постигна и Бесарт Ибраими.
Тренерот на Пелистер, Неџат Хусеин му честита на противникот и на прс-конференцијата рече:
-Фаворит на овој меч беше Шкендија и тетовчани тоа го докажаа. Мислам дека Пелистер играше среда-недела со мал фонд на фудбалери и сето тоа е тешко да се издржи. Моите играчи го дадоа максимумот, но беа доста исцрпени од овој ритам, а плус имавме седум повредени.
Пелистер в година ќе игра во Втората лига, а ќе биде дел од ВМФЛ-Запад.
Фото: Гол.мк






