Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник со победа се прости од својата публика

Еурофарм Работник – Охрид 28:26 (14:14)

Екипата на Еурофарм Работник со победа се раздели од своите симпатизери кои беа во спортската сала “Младост“ во Битола во претпоследното коло од плеј-офот на Супер ракометната лига, а го победија тимот на Охрид.

Иако беа фаворити тие не така лесно како и се очекуваше ја победија екипата на Охрид, но ова може да се каже дека е резултат на веќе распределените места на табелата каде Еурофарм Работник е на обезбедено трето место, а ова беше само еден ревијален натпрравр за двете екипи.

Победата која е само со 2 гола разлика е извојувана дури по 15 израмнувања на разултатот во текот на 60 минути, по водствот на стартот на домаќините од 3:1, 4:2.

Во второто полуврме иста игра, а Работник дојде до +3, а во 47. минута повторно реми 21:21, а потоа и 26:26. Следуваше предност за Еурофарм Работник 27:26, а по грешката на охриѓани се заврши со 28:26.

Наефикасен кај Еурифарм Работник беше Ојлески со 6 гола, а Пецаковски, Дрогришки и Граџан постигнаа по 4.

По 9.коло екипата на Еурофарм Работник е на 3. место на табелата со 16 бодови.

More from СпортMore posts in Спорт »