Охрид – Пелистер 24:32
Пролет – Еурофарм Работник 22:19
Иако екипата на Пелистер во последното коло од плеј-одот од машката супер лига победи на гостувањето во Охрид не избори пласман на табелата кој им обезбедува учество во идната сезона на меѓународни натпревари, откако екипата на Еурофарм Работник изгуби во Скопје од тимот на Пролет, а со тие бодови скопјани обезбедија ЕХФ натпревари.
Во Охрид екипата на Пелистер првото водство од +4 го напраби на резултат 6:10, а потоа се стигнаа до +6, а екипата на Охрид не постигна гол 9 минути. Охрид се обидуваше да дојде до намалување на разликата за поинтересна завршница, но не успеаја во тоа. Пелистер ја зголемуваше разликата и влезе во мирна завршница која заврши со +12 гола разлика, 24:32. Најефикасен во екипата на Пелистер беше Јагуриновски со осум, Чантурија со шест и Чуриќ со пет погодоци.
Екипата на Еурофарм Работник во последното коло од плеј-офот е поразена на гостувањето во Скопје, од екипата на Пролет. Најголем дел од натпреварот беше изедначено и се ограше гол за гол, а во второто полувреме благодатение на одбраните на домашниот голман Кимевски, Пролет дојде до разлика и до победа за пласман во квалификациите за ЕХФ Купот. Кај Еурофарм Работник најдобар стрелец беше Дејан Пецаковски со пет и Елмир Граџан со четири погодоци.
По десет одиграни кола во плеј-офот екипата на Еурофарм Работник на табелата е на 3. место со 16 бода, а Пелистер на 5. место со 9 бодови.






