Денес на стрелиштето “Леково“ кај Прилеп во организација на стрелачкиот клуб “Јане Сандански“ од Битола се одржа првиот меморијален турнир “Драгољув Ѓорѓиевски“ со боева пушка, посветен на основачот, тренер и долгогодишен претседател Драгољуб Ѓоргиевски.

На турнирот учествуваа повеќе од триесетина натпреварувачи од клубови од Битола и Прилеп, а се натпреваруваа и припадниците на МВР од Битола.

Турнирот за отворен го прогласи претседателот на СК “Јане Сандански“, Кочо Чака, кој зборуваше и за Драгољуб Ѓорѓиевски, човекот кој го формира и го раководеше овој клуб четориесетина години. Чака нагласи дека како еден од иницијаторите за одржување на овој турнир ќе се потруди да биде традиционален и да се збогатуваат содржините.

Прв победник во категоријата боева пушка е Пеце Николовски од СК “Јане Сандански“ од Битола со 88 погодени кругови, второто место го освои Оливер Огненовски од СК “Јане Сандански“ со 83 погодени кругови, а на трето место се најде Христијан Петровски во 82 погодени кругови.

-Посебно ми е драго што јас сум победник на првиот турнир во чест на мојот учител и тренер Драгољуб Ѓорѓиевски, кој ми беше тренер за време на среднопколските денови во Економското училиште и кога победувавме низ цела тогашна Југославија. Победата секако му ја оосветувам нему и се надевам дека и во иднина ќе се одржува овој турнир, рече победникот Пеце Николовски.

Во екипна конкуренција победи СК “Јане Сандански“ од Битола, второ место освои СК “7-ми Мај“ од Битола, а на трето место се најдоа прилепскиот клуб “Стрелба 09“.

Боевата муниција ја обезбеди стрелачката спортска федерација на Македонија, чии претставници беа на турнирот и го според правилата на федерацијата го водеа овој турнур.

Сите клубови и заслужни фирми и поединци добија благодарници за учество и помош при организацијата на турнирот.

Фото и текст: Сашо Ристевски
[ngg_images source=”galleries” container_ids=”137″ display_type=”photocrati-nextgen_basic_thumbnails” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_width=”240″ thumbnail_height=”160″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”20″ number_of_columns=”0″ ajax_pagination=”0″ show_all_in_lightbox=”0″ use_imagebrowser_effect=”0″ show_slideshow_link=”1″ slideshow_link_text=”[Show slideshow]” order_by=”sortorder” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]

Пеце Николовски, победник на првиот меморијален турнир “Драгољуб Ѓорѓиевски“ со боева пушка (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори
- Пелистер после пресврт и подобра завршница го победи Скопје во Битола (фотогалерија)
- Младинците на Еурофарм Пелистер 2 одиграа реми со Бутел во Битола (фотогалерија)





