Press "Enter" to skip to content

Ана Ивановска, најдобра на државното првенство на Македонија со воздушна пушка

Во стрелиштото на стрелачкиот клуб РЕК Битола, се одржа државното првенство со меѓународна програма за сениори и јуниори, а ова првенство е квалификационо за светскиот куп кој ќе се одржи во Чангвонг во Јужна Кореја во сепрември, а овој светски куп е квалификационен за олимпијадата во Токои во 2020 година.

Најдобар резултат на ова државно првенство во сите категории имаше Ана Ивановска со 613,6 кругови. Со овој резултат Ивановска, која е членка на стрелеачкиот клуб РЕК Битола трета година по ред е државен првак со воздушна пушка.

Во категоријата сениори-жени со воздушна пушка Ана Ивановска (РЕК Битола) е првопласирама, второ место за Нина Балабан (Стрелец – Скопје) и на трето место е Антонија Тасевска (Стрелец).

Во категорија сениори-мажи, стрелецот на РЕК Битола, Мартин Ивановски со воздушна пушка е второпласиран, а првото место го освои Михаил Шишковски (Охрид), а на третто место е Драгослав Кудрановиќ.

Во категорија јуниори-мажи со воздушна пушка победник е Јане Ѓонгов (Стрелец), второпласиран Бојан Симичев (Стрелец), а на трето место Ненад Антиќ (Велес).

Во категорија јуниори-жени со воздушна пушка победник е Анастасија Мојсовска (Охрид), второпласирана Јована Милевска (Стрелец), а на трето место Марина Петровска (Охрид).

Во категорија мажи сениори со воздушен пиштол победник е Борјан Бранковски (Стрелец), второ пласиран Томе Несторовски (Стрелец) и на третро место Мартин Гелевски (Стрелец).

Во категорија јуниори-мажи со воздушен пиштол победник е Јован Лазевски (Стрелец), втотопласиран Виктор Пандовски (Стрелец), третопласиран Димитрија Трчков (Стрелец).