Press "Enter" to skip to content

Леа Бошевска победи на државно и си обезбеди “виза“ за светското во Италија

Нашата млада сограѓанка Леа Бошевска, член на кик-бокс клубот Самурај, победи во дисциплината кик-лајт, категорија постари кадети на државното првенство и со тоа стана член на македонската репрезентација во кик-бокс за наредното светско првенство кое ќе се одржи во Италија во септември.

По победата над својата ко кункурентка во кик-лајт, која беше и кандидат за член на репрезентацијата, Леа Бошевска ни рече:

-Кога ја започнувавме сезоната и кога ги правевме плановите за истата, прво беше да се стигне до репрезентативниот дрес кој ќе ми овозможи напредок во кариерата во секој правец, подобри тренинзи, поквалитетни противници и секако тешки натпревари. Еве со победата првата цел ја остваривме и сега се насочуваме кон светското првенство во кик-бокс во Италија. Победата сега и потврденото учество на светското првенство сега ќе значи само дека летото ќе помине работно и дека ќе мора да се подготвуваме за да се претставм јас и мојата репрезентација во најдобро издание. Но, се надевам како и досегашната работа ќе се исплати и од Италија ќе можам да пренесам добри вести.

Тренерите на Леа, нејзините родители Гордана Цветковска – Бошевска и Тони Бошевски исто така се задоволни од пласманот на светското првенство и велат дека напорно ќе работат и ќе се подготвуваат за првиот голем меќународен настап на Леа.

-Пласманот е едно, но сега ни престојат напорни подготовки во летниот период, како самостојни подготовки во клубот, како и подготовки со репрезентацијата која ја води селекторот Дејан Митровски – Урко. Но, Леа покажа дека има силна волја и дека и овие летни подготовки ќе ги издржи според планот кој заедно ќе го направиме деновиве во Федерацијата, истакнуваат тие.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from СпортMore posts in Спорт »