Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј победуваат и во дресот на Горната Гимназија во одбојка на плажа

Членките на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј, Симона Стојановска, Сара Димовска и Софија Петличкоска во дресот на гимназијата “Јосип Броз Тито“ се закитија со златни медали и ја донесоа титулата во Горната Гимназија – државни прваци во одбојка на плажа.

Тие во финалето ја совладаа екипата на Орце Николов од Скопје со 2:1 и тесен резултат по сетови 21:18, 18:21, 13:15.

Во игра за титула беа уште и екипите на УГД од Штип, “Раде Корчагин“ од Скопје, “Никола Карев“ Скопје и “Димитар Влахов“ од Струмица, каде исто така игра одбојкарки кои настапуваат во градските клубови во градовите каде што се школуваат.

Од Пелистер Волеј истакнуваат дека покрај сите одлични резултати кои ги постигнуваат на одбојкарските терени во екипите каде настапуваат и овој одличен резултат и државна титула во одбојка на плажа е само потврда на квалитетот кој го имаат одбојкарките на овој битолски клуб.