Press "Enter" to skip to content

Бобан Катаровски – Ана Марковска: “Expose“ на државното со 95 кореографии и 560 натпреварувачи

В недела во спортската сала “Младост“ во Битола ќе се одржи Државно првенство во Модерни танци на Република Македонија на кое се очекува да учествуваат сите клубови од државата, а домаќин е танцовиот клуб “Expose“ од нашиот град.

Бобан Катаровски е кореограв/инструктор во “Expose“ и за неделниот натпревар вели:

-Оваа година на наше огромно задоволство добивме можност да бидеме организатори на Државно првенство во Модерни танци на Република Македонија, што за нас претставува особена чест да бидеме домаќини на овој натпревар со повеќе од 2.000 натпреварувачи од 15 клубови од целата република. Тука во Битола на овој натпревар, кој ќе трае повеќе од 12 часа, а да бидам малку нескромен, очекуваме публика повеќе од 5.000 гледачи. Што се однесува пак до судиите кои ќе имаа огромна работа, судискиот панел е составен од 4 меѓународни, 6 интернационални лиценцирани судии и 5 ВИП судии.

Во танцовиот клуб “Expose“ исто како кореограф/инструктор, со танчерите работи и Ана Марковски, која додава:

-Танцовиот клуб “Expose“ за ова државно првенство сакаме да го претставува во што подобро издание, а посебно поради тоа што сме домаќини. Затоа ние како танцов клуб имаме подготвено 95 кореографии, а тие ќе бидат во изведба на 560 натпреварувачи од нашето студио на возраст од 4 до 19 години.

Инаку, во Македонска Асоцијација за модерни танци се регистрирани околу 3.000 танчери од 15 танцови клубови, а успесите на нашата федерација и на клубовите членови се одлични, светски и европски прваци во латино, хип-хоп и балет, а во тие бројни награди голем продонес има и танцовиот клуб “Expose“ од Битола.

Држаниот натпреавр е закажан на 10 јуни (недела) година во Спортската сала “Младост“ Битола со почеток од 08:30 и крај 22:00 часот.

More from ЗабаваMore posts in Забава »