Press "Enter" to skip to content

Сара Дал Олио победник на 19. фестивал “Тра ла ла“ (фотогалерија)

Со последната интернационална вечер која се одржа во големата сала на Центарот за култура во Битола и со доделување на наградите на најдобрите заврши годинашниот 19 по ред интернационален фестивал “Тра ла ла“.

Најдобра на овогодинешниот фестивал, според стручното жири беше италијанската пеачка Сара Дел Олио, која покрај големиот пехар доби и чек на 1.000 евра.

Сара Дел Олио не можеше да ја скрие радоста од добиената награда, а тоа се почуствува и при изведната на победничката песна со која и заврши фестивалот.

Организаторот на сите учесници им додели медали со гравиран мотив од Битола и фестивалот за сеќавање на овие изминати денови во Битола и Охрид.

Директорот на фестивалот им се заблагодари на сите кои беа дел од 19. издание на изведувачите, на менторите, на стручното жири, и на сите им додели плакети.

Посебна плакетс доби градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, за поддршката на годинашниот фестивал.

Овој детски фестивал се одржа во рамките на годинашниот “Бит фест 2018“.

More from ЗабаваMore posts in Забава »