Првиот меморијален ракометен турнир “Боро Чурлевски“ започна во спортската сала која го носи неговото име со едноминутно молчење во знак на почит на ракометарот кој потекна од школата на Пелистер, по што следуваше голем аплауз од неколку илјадната публика.
Претходно претседателот на ракометниот клуб, Пелистер, Васко Ковачевски официјално го повлече дресот со број четири на легендарниот Боро Чурлевски. Ковачевски зелената „четворка“ ја предаде на семејството, а огромен дрес со името на Боро Чурлевски ќе стои над семафорот во спортската сала „Боро Чулевски“.
Потоа градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, го прогласи турнирот за отворен, а при обраќањето рече дека Битола останува град на спортот, град на ракометот.
На трибините беше и претставникот на канцеларијата за врски на Репубика Грција во Македонија.
На трибините на првиот ден од турнирот беа присутни “Чкембарите“, голем број на поранешни ракометри, а свое шоу имаа и младите ракометари од школата на Пелистер под раководство на Кире Поповски и Игор Николовски.

Градоначалничката Петровска го отвори турнирот, Ковачевски го повлече дресот на Чурлевски (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пелистер ја победи Брера и освои три бода важни за опстанок
- 400 учесници на Велигденскиот турнир на КК Младост во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер со лесна и убедлива победа против Тиквеш
- Конзули ветерани од Битола на Гран при турнир “Erima Tour“ во Крањска Гора, Словенија (фото)
- Билјард клубот Конзули од Битола победник во “А“ и “Б“ лигите, Христо Василевски и Димитар Јованоски прваци










