Press "Enter" to skip to content

Во тренд: Шминка есен-зима, по препорака на Ајтен Де Лукс (фото)

Во рубриката совети за совршен изглед козметичари, шминкери стилисти… ќе препорачуваат совети, техники и модни трикови  да бидете негувани, убави  и во моден тренд. Овој пат make up  за претстојната сезона есен зима 2018/19 година советува Ајтен Де Лукс – шминкер.Есенските – зимски трендови 2018/19, видени на модните недели изгледаат како да постои  криза со идентитет, но на најдобар начин.  Нема конечен компромис – nude & naturale или впечатливо и неон ? Овие два стила преовладуваат за шминка за оваа есен.

ТЕН – 2018

Порцелански тен или блед тен.

 

РУМЕНИЛА

Make-Up артистите одат во чекор со природно есенско расположение оваа сезона , така што го стоплија тенот со земјени тонови.Не потполно земјена боја ниту пак pink , најдобрата нијанса за образи оваа сезона е топла боја на праска.

КОНТУРИРАЊЕ

Оваа сезона контурирањето е толку суптилно што едвај се приметува.

Јаките и длабоки контури под јагодичните коски не се IN , туку само играње со природно обликување на лицето.

ОЧИ

Очите се во прв план оваа есен. Се нагласуваат бои кои се необични за оваа сезона;

-Неонски сенки

-Зачадени очи во боја

-Светки

-Футуристични мачкини очи

-Мокар изглед на очните капаци

-Сина сребрена сенка

УСНИ

Еден од анти-трендови за есенската шминка е враќањето природните усни.Усните без шмина се освежувачки затоа што конечно ги прифаќаме со нејзиниот облик и форма какви што се :

-Матирани усни

-Мокар изглед на усни

-Вино боја на карминТрендови

-Блескаво руменило

-Суптилно контурирање

-Блед тен

-Неон сенка

-Сребрена сенка

-Липс Стајн

-Усни вино боја

-Усни без шминка