На овогодинешниот Меѓународен натпревар по камерна музика кој се одржа на 28 и 29 ноември во Кавадарци, учествуваа и ученици од Државното музичко училиште во Битола кои се претставија во одлично светло.
Димитриј и Давид Стојчевски се добитници на Специјална награда од 100 бодови, а на свечениот завршен концерт беа прогласени за Лауреат на целиот натпревар.
Димитриј и Давид Стојчевски се ученици во 7 одделение во Државното музичко училиште во Битола во класите на проф. д-р Татјана Божиновска и проф. м-р Билјана Димовска.
Со тоа повторно се докажува квалитетот и посветеноста на наставниот кадар од битолското музичко училиште кон вредните и талентирани ученици.






