Во културниот центар “Магаза“ вечерва беше отворена изложба на Јадранка Главинче, насловена “50 слики“, која беше отворена во присуство на голем број гости.
Изложбата ја отвори директорката на Заводот и Музеј во Битола, Мери Стојановска, која рече дека и е мило што авторката им ја укажала честа на оваа установа да биде домаќин на оваа изложба.
Авторката за оваа изложба во која има поместено 5о дела-минијатури, рече дека испирацијата за овие дела била Битола и луѓето кои живеат во градот.
-Сите дела се направени во еден здив, во доста кратко време, а ова ми е шеста изложба. Претходно творев и правен големи платна, е сега се претставувам во поинаква форма. Делата се правени во две техники пастел и темпера и сите се со мотиви од овој дел, Битола, битолско и мојот внатрешен свет, рече авторката Главинче.
За разликите на сликите работени во голем формат и минијатури, таа рече:
-Повеќе се наоѓам во поголемите платна каде послободно се изразувам. Овој формат ми беше предизвик, а за вредноста на делата ќе каже публиката, а за инспирациите додаде:
-Инспирацијата е љубовта кон Битола и така ќе остане и понатаму, бидејќи најмногу ја сакам Битола и секогаш ќе ми биде испирација. Тука се и луѓето, а посебно моите најблиски, роднините, пријателите…

Отворена изложбата “50 слики“ на Јадранка Главинче (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Отворена изложба на вредната уметничка колекција во Ректоратот на УКЛО Битола (фотогалерија)





