Интересен еко-настан беше организиран во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ под име “Trash fashion“ или екомодна ревија на креации од рециклирани материјали за сезона есен/зима 2018/19 год.
На овој еко хепенинг беа присутни голем број на родители, наставници и ученици кои беа одушевени од модните креации кои беа дизјнирани од ученици. Настанот го проследи и градоначалничката, Наташа Петровска.
Учениците- манекени со интересни креации кои храбро чекореа на импровизирана модна писта која со расфрланите исцртани есенски лисја, вистински ја доловија модната сезона есен зима 2018/19.
-Идејата за овој хепениг беше да ја подигнеме еколошката свест кај учениците за повторна употреба на материјали и да докажаме дека отпадот може да го реупотребима после неговата основна функција за креативни цели односно да најде место во модата. Од тука “Trash fashion“со интересен креативен израз на модели изработени од хартија, весници, најлон, тетрапак-амбалажа. Со самото дизајнирање на модели се става акцент на развивање и поттикнување на креативноста кај учениците која е мошне значајна, ни кажа организаторот Жанета Ристевска-психолог во училиштето.
Беа формирани неколку тимови, а секој во еко-хепенингот имаше конкретна задача. Во еден од тимовите беа вклучени ученички кои дизајнираа облека секоја за свој модел посебно. Тука со своја креативност се истакнаа ученичките Марија Сервини, Анѓела Плушковска, Андреа Ачковска, Ива Салевска и Алексис Докстатер. Нивни модели беа ученици од 6 и 9 кои беа вистински манекенки на модната писта и беа проследени со долги аплаузи од публиката.
Еко-моделите кои ги претставија дизајните беа Михаела Николовска, Деа Ивановска, Бојана Стефановска, Ема Апчевска, Христина Сервини, Јована Котевска, Теона Бошковска, Јована Андреевски, Бојана Христовска, Миа Поповска, Матеа Стојанаова, Марио Димовски, Љубен Неделковски, Зоран Гулевски и Ева Тодоровска.
Презентери на модната ревија беа ученичките Емилија Пецаковска и Дамијана Ристевска. Техничка поддршка музика, светло и фотографија Лука Петровски, Георгина Димитровска, Мартин Кочишки и Евгенија Маслинко. Фризура и шминка Јована Балуловска.
И членовите на новинарската редакција имаа секој своја улога при реализирање на овој еко -“Trash fashion“, а целиот настан го снимаше со камера ученикот Кристијан Кочовски. Од настанот ќе произлезе и видео со кое училиштето ќе се претставува со овој свој еко проект.
Секако оваа идеја за еко-хепенинг беше и поддржана од страна на директорот на училиштето Душко Костовски кој ни кажа:
-Со овој интересен еко проект и настан всушност го оправдуваме тоа што сме еко-училишште со зелено знаме и успешно ги реализираме целите за подигнување на еколошката свест кај нашите ученици. Се надевам дека овој наш скромен проект за подогнување на еко-свеста ќе биде вклучен во поголеми еко-проекти кои се веќе во тек во Општина Битола и во некои идни проекти, бидејќи учениците дадоа одличен пример како да се постапува со отпадор кој може да се рециклира.






