Press "Enter" to skip to content

“Психологија на бела девојка“ изложба на Славчо Максимовски (фото)

Во фоајето на Центарот за култура е отворена изложбата изложба на Славчо Максимовски, насловена “Психологија на бела девојка“.-Жената како никогаш не пресушен извор на инспирација, како дама величествена и со нејзиното величество и грандиозност ставена на највисокиот пиедестал над сите пиедестали, константно се бори со сѐ што застанува низ просторот по кој таа чекори, силна, и плени со убавина и поглед нежен, тотално изграден став и непокорност спрема своите цели за лично задоволство и достигнување на врвот. Стои некогаш со болка, во раката има забоден стар клинец со црвен конец, а некогаш гнило јаболко. Не се предава и покрај сите препреки и трнливи стапки, цврсто гази по својот пат. Некогаш со неми усни сакајќи нешто да проговори, но, сепак, остава да зборуваат нејзините очи, тие ќе кажат се, дури и тоа што таа никогаш не би сакала некој друг да го слушне, тие се верни предавници ако знаеме да влеземе во нивната кобна суштина. Таа е онаа семоќна жена Максимовски го води до степен за метафизичко размислување за недостижноста и недопирливоста со тело од коски и крв, таму само присутност на илузијата е дозволена, а тоа ја плени секоја мисла што ќе си дојде понатаму, ќе напишат м-р Жаклина Петровска (историчар на уметност) и Валентина Матовска (психолог), межу друготоз за Максимовски.Инаку, Максимовски по Средното уметничко училиште во Скопје, дипломира на Факултетот за хумани науки и уметност на Универзитетот во Тетово, наскока графика, во класата на проф. Нафи Јашари. Магистерирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, одсек сликарство,во класа на проф. Јован Шумковски. Има реализирано неколку самостојни изложби во земјата и странство, и добитник е на повеќе награди и признанја. Работел сценографи, плакати за театарски представи, автор на 2 краткометражни филмови, едукатор во ликовна работилница. Работи на живопис и пишува колумни.

На изложбата која ја отвори дирекорката на Центарот за култура, Маја Андоновска-Илиевски, се претставени дваесетина дена на Максимовски, а битолчани ќе можат да ја погледнат во наредните десетина дена.

More from КултураMore posts in Култура »