Во организација на Македонско-хрватското друштво “Марко Марулиќ“ во малата сала на Центарот на култура во Битола се одржа традиционалниот Божикен и новогодишен концерт.
Овој пат гости од Хрватска беа далматинската женска клапа “Тамарин“ од Враниц – Солин и машкиот вокален состав “Делмати“ од Солин.
-Ова е продолжување на традицијата МХД “Марко Марулиќ“ да организира Боќикен и новогодишен концерт, а оваа година на наша покана на концертот настапија две групи од Солин, Хрватска, кои според аплаузот кој го добија по завршувањето на концертот ги исполнија очекувањата на публиката, рече Бранко Маретиќ, претседател на МХД “Марко Марулиќ“, кој додаде дека во публиката има Хрвати кои живеат во Битола, но и битолчани кои ја почитуваат хрватската песна и култура.
Гости на Божикниот концерт беше и Владиката Петар, градоначалникот на Ресен – Живко Гошаревски, претставници на хррватска амбасада во Скопје, членови на хрватската полиција кои се во рамките на европската гранична полиција и други.
-Ова е добар начин за продолжување на културната соработка помеѓу Македонија и Хрватска, како и на Битола и Ресен со градови од Хрватска. Пред некој месец во Ресен на Јаболкоберот беа присутни педесетина уметници од Хрватска, а секако и наши културно-уменички друштва ќе имаат свои настапи во Хрватска, рече градоначалникот на Ресен – Живко Гошаревски.
По концертот во хотелот “Премиер – Центар“ се одржа и Божикната забава на ова Друштво, на кое беа размената подароци и договорени нови настапи.

Божикен и новогодишен концерт во организација на МХД “Марко Марулиќ“ (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
- Мегафотогалерија: битолчани и нивните гости на црвениот тепих на 47. издание на “Манаки“ во Битола
- Нека започне новото филмско ткаење: Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола (фотогалерија)
- Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола





