Учениците од ОУ “Гоце Делчев“ имаа прекрасна можност да бидат на промоција на книгата “Девојчето на ридот“ од авторката Ида Мантон и да запознат лица со даунов синдром, да научат што е даунов синдром, да слушнат дека лицата со даунов синдром одат на училиште, работа, учестуваат во одлуки за нивниот живот и придонесуваат во општеството на многу различни и преубави начини.
Ова е најдобар начин со време да ги подготвиме сите деца за свет со различности, за тие да пораснат и да станат освестени возрасни кои ќе креираат можности за лицата со Даунов синдром, не од жал, туку затоа што веруваат во нивните вештини, креативност и способности.
Ако погледнете во сите луѓе околу вас ќе го видите истото што ќе го најдете и во група луѓе кои маат Даунов синдром. Некои се весели, со смисол за хумор, некои се умерени вп пдмесивањето или претпочитуваат мир и свој простор. Некои од нив го познавааат цел град, а други ќе се затворат во својата соба, во царството на музиката или книгите.
Целиот спектар на човековото однесување е она што ќе го најдете и во групата на лицата со Даунов синдром и сите тие се различни меѓу себе исто како сите други луѓе меѓу кои нема да најдете идентични личности.






