Во рамките на наставната програма по англиски јазик, во библиотеката на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ учениците од II5 во соработка со професорката по англиски јазик – Славица Илиевска, подготвија претстава изведена на англиски јазик со наслов “I hate Shakespeare“ што во буквален превод значи “Го мразам Шекспир “.
Учениците имаа подготвено четири сцени од различни дела на Вилијам Шекспир, кои беа адаптирани и им беше даден модерен дух. Во публиката беа присутни дел од професорите во Гимназијата, како и стручната служба во истата.
Актерската екипа и покрај тоа што професионално си го изврши делот, покажа и одлично говорење и познавање на јазикот.
Атмосферата беше одлична, а самите настани беа поддржани и со музика. Музичката поддршката ја обезбеди Георги Симјановски, додека режисер беше Ана Марија Наумовска, ученици во II5.






