Во големата сала на Центарот за култура во Битола, синоќа, пред преполна сала, ансамблите на КУД “Илинден“-Битола го одржаа традиционалниот годишен концерт кој годинавабешее насловен “Градски приказни“.
На сцената во големата сала на НУ Центар за култура-Битола прво настапија членовите на детските фолклорни ансамбли, а потоа и главниот фолклорен ансамбл, потпопогнат од ветераните на “Илинден“ кој предизвикаа големи аплаузи.
-Повеќе од шест децении ние ги чуваме и негуваме културните вредности на битолската и македонската народна култура ширум светот. Не отстапуваме од традицијата и затоа вечерва над 350 членови на друштвото учествуваат на годишниот концерт, истакна Антонио Димитровски, претседател на “Илинден“ во обраќањето пред присутните.
Ансамблите на КУД „Илинден“-Битола ги изведоа ората „Буките“, „Левото“, „Патрунино“ и „Вај Вај“, чалгискиот оркестар „Румелија“ ќе настапи со песната „Крек Џоне Крек“, а низ посебна сценска адаптација беа презентирани „Охридски староградски игри“ и битолски песни и игри „На визита“.
-Во “Илинден“ со децении се гради и презентира програмски репертоар во кој се застапени и стручно подготвени за интерпретација традиционални вредности од македонското духовно и материјално културно наследство. Во нашето друштво илјадници млади луѓе го почувствувале здивот на традицијата, и затоа не е нескромно ако речам дека КУД „Илинден“ е изворот од кој се пие првата голтка љубов кон народната култура, додаде Димитровски.
На крајот ветераните на “Илинден“ заедно со првиот ансамбл и сите останати заедно со публиката одигра оро кое се виеше насекаде низ салата, а не изостана ни фотографирањето со играорците облечени во прекрасните народни носии и градски одела.

На годишниот концерт на КУД “Илинден“- “Градски приказни“ најповеќе аплаузи за ветераните (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Отворена изложба на вредната уметничка колекција во Ректоратот на УКЛО Битола (фотогалерија)





