Снегот кој деновиве врне во Битола и Битолско, ја зафати и Пелагониската рамнина, а на снегот покрај децата се израдуваа и земјоделците, кои не кријат дека снегот ќе ги спаси засеаните површини од замрзнување.
Но, во Пеганиската рамнина нема само земјоделие, тука е и најголемиот произведител на електрична енергија РЕК “Битола“, каде работниците работат и на отворено на големи минусни температури и ги извршуваат секојдевните работни обврски.
Денес низ Пелагонија можеа да се видат и системите за наводнување на ЗК “Пелагонија“, а отспротива се и краварските фарми потонати во белината на снегот.
И “топлите леи“ односно оранжериите се затворени низ Пелагонија, а температурата внатре денес беше оптимална со оглед на сонцето кое на неколкупати ги загреа.
Патиштата до Логоварди, Новаци, РЕК, и новачките села се проодни, а на самото место беа и машините за нивно расчитување.
Црна река не е замрната, а кога на мостот пред Новаци фотографиравме, ни рекоа дека денес се појавиле и рибарите…

Снежна Пелагонија (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физички напад, нападната жена во канцеларија за кредитирање
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 12 степени
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет




