Press "Enter" to skip to content

Снежна Пелагонија (фотогалерија)

Снегот кој деновиве врне во Битола и Битолско, ја зафати и Пелагониската рамнина, а на снегот покрај децата се израдуваа и земјоделците, кои не кријат дека снегот ќе ги спаси засеаните површини од замрзнување.Но, во Пеганиската рамнина нема само земјоделие, тука е и најголемиот произведител на електрична енергија РЕК “Битола“, каде работниците работат и на отворено на големи минусни температури и ги извршуваат секојдевните работни обврски.Денес низ Пелагонија можеа да се видат и системите за наводнување на ЗК “Пелагонија“, а отспротива се и краварските фарми потонати во белината на снегот.И “топлите леи“ односно оранжериите се затворени низ Пелагонија, а температурата внатре денес беше оптимална со оглед на сонцето кое на неколкупати ги загреа.Патиштата до Логоварди, Новаци, РЕК, и новачките села се проодни, а на самото место беа и машините за нивно расчитување.Црна река не е замрната, а кога на мостот пред Новаци фотографиравме, ни рекоа дека денес се појавиле и рибарите…