Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчани се степале во Демир Хисар, еден прободен со нож

На 07.01.2019 околу 19,35 часот пријавено е дека пред кафе бар на ул. “Битолска“ во Демир Хисар дошло до физичка пресметка помеѓу   Д.Ј. (40) од село Вардино-Демир Хисар, М.Г. (25) од Битола, З.М. (39) од Битола од една страна, а од друга страна Н.П. (24) од село Слепче-Демир Хисар и И.Т. (24) од Демир Хисар, а се вклучиле и други лица.

 Бил употребен и нож, а на М.Г. му била нанесена убодна рана.

Приведени се четворица учесници.

Се работи на целосно расчистување на случајот.