Press "Enter" to skip to content

Битолчани на -20 трошат вода како на сред лето, 680 литри во секунда

Потрошувачката на вода во Битола, деновиве е зголемена за дури 25 проценти, поради студеното време во страв да не замрзнат водоводните системи во куќите и становите, па така потрошувачката е како и во најголемите летни жештини, а до КЈП “Водовод“ има околу триесетина пријави за оштетени водомери, поради кршеше на стаклата.

Директор на КЈП “Водовод“, Горан Козаров, за новонастанатата состојба вели:

-Потрошувачката на вода е 680 литри во секунда, а тоа е зголемување за 25 проценти од редовната потрошувачка. За споредба во лето, потрошувачката се движи од 500 до 620 литри во секунда.Ова се должи на тоа што се оставаат чешмите да течат за да не замрзнат водоводните цевки.

Според Козаров нема пријави за поголеми дефекти на системот, дефектот на еден од цевководите кон РЕК “Битола“, кај село Карамани, е поправен.