Најниска температура од минус 15 степени изутринава е измерена во Битола, со што повторно Битола е најстуден град во Македонија, а минусни температури има насакаде.
Во Битола утрово провејува е снег, а снежан бран ги зафати западните делови на земјава, со што ќе се зголеми висината на снежната покривка, која ви Битола изнесува 21 сантиметар.
УХМР најавува нов студен и влажен бран за денес и утре со пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 сантиметри.
Од петок следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.






