По големите дефекти на водоводната мрежа F-300, на неколку места во Битола и формирање на екипи за поправка, доцна во ноќта околу 23 часот, по извршените подговки и екипирање на тимовите, по ладно време, на -5 степени започна поправката на дефектите.
Прво екипите започнаа со работа на десната страна на “Булеварот“, над Кланицата, кај новиот железен пешачки мост, работеа два багери.
На другиот дефект во населбата “Карпош“ кај “Кланицата“ беше запрена водата, а полиција го обезбедува местото на дефектот, и го регулира сообраќајот некој од возачите да не пропадне во водата, како претходно некој возач.
Големи дефекти покрај на овие две локации има и кај Касарната и во Долно Оризари.
Од ЈКП “Водовод“ со соопштение информираа дека дефектите се поради големата температурна разлика и обилните снежни врнежи, а се на водоводната мрежа F-300.
Поради дефектите без вода или со намален притисок се: улица “Булевар 1-ви Мај“ (пред населба Кланица), улица Партизанска со дел од областа кај старата Касарна, Буковски ливади и Долно Оризари.

На -5 степени започна поправка на дефектот на водоводната мрежа F-300 (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Одржан УКЛО тривиум 2026, најдобар оратор Марија Стојановска (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно и свежо
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)





