Православните христијани денеска ја слават Василица. Народот ја слави како Стара Нова година во чест на светецот Василиј но и како обрежување на Исус Хистос. Во секое маало граѓаните со големи огнови кои се симбол на божествената светлина ги прогонуваат лошите сили и ја испраќаат старата година.
Бројни маала низ општина Новаци синоќа традиционално ги запалија василичарските огнови околу кои во весело расположение, со греана ракија, вино и скара се прослваи Стара Нова година и Василица.
Градоначалникот Љубе Кузманоски ја прослави Василица со своите сограѓани. Ги посети големите маалски василичарски огнови од каде испрати порака да се негува традицијата и обичаите и да се пренесуваат на идните поколенија.
-Овие празници како дел од нашата традиција ни даваат можност да се собериме сите заедно на едно место , на едно огниште кое симболизира заедништво, единство и сите заедно да ги одбележиме традиционалните вредности кои всушност си и белег на нашето постоење. Ова зедништво ги зајакнува меѓусебните врски во нашата локална заедница. Дружењето со соседите , пријателите , блискоста меѓу младите дава посебно чувство на среќа , задоволство и исполнетост Да си подаваме рака, да се помируваме, да бидеме единствени и сплотени не само на ваквите празници туку тоа да ни биде секојдневие.
-На сите граѓани на општина Новаци и на сите православни верници им ја честитам Стара Нова година и Василица со желби за здравје, среќа и бериќет, додаде истакна градоначалникот Кузманоски






